Стево Митровски со тимот на Персема се вистински хит во Индонезискиот
шампионат. Го тренираат тимот од градот Маланг , кој има околу 2.000.000
жители, а мечевите се играат на стадионот Гаџајана кој има капацитет за 30.000 гледачи.
– Добро се снајдовме имаме многу фанови
и целосна поддршка. Луѓето се многу мирни и знаат да го ценат нашиот
труд. Почнавме да го зборуваме нивниот јазик што секако е важно во
комуникација со играчите, менаџментот, фановите се оди како треба – вели Митровски и додадава “ иако
на почетокот сите прогнозираа дека ќе се бориме за опстанок, сега сите
медиуми пишуваат како Македонците ја препородија Персема и атакуваат на
едно од првите три места.
Митровски од досегашните меча ја издвојува минималната победа 1-0 над градскиот ривал Арема кој имаа повеќе од 1 милион фанови.
– Нашата екипа ја немаше 20 години
победено Арема, ама и тоа се случи.Полека, полека го факаме ритамот и
мислам дека ќе се вмешаме меѓу првите три екипи од врвот на табелата. До
сега сме рак рана за сите екипи кои беа фаворизирани на овој или оној
начин – истакна Митровски.
треба да се доживее полни стадиони, брза напаѓачка игра, лудница пред и
после натпревар, неможеш до автобус да дојдеш, сите бараат дрес,
автограм, сликање.
дестинација каде лебот го печалат македонските спортски работници.
Баевски исто така игра во Индонезија, во Виетнам настапува стружанецот
Клечкароски, додека битолчанецот Марјан Секуловски е во Мјанмар.