Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми се соочува со големи проблеми откако неговиот примерок на допинг тест се покажал позитивен.
Адеми подлегнал на допинг контрола по мечот со Арсенал во Лигата на Шампиони на кој неговиот тим приреди сензација победувајќи го со 2-0.
– Запознаени сме со резултатите од допинг-контролата по мечот со Арсенал и дека нашиот фудбалер Аријан Адеми бил позитивен на тој тест, то ест дека УЕФА покрена постапка против него. Според правилата, Динамо не смее да коментира додека трае дисциплинскаста постапка и додека не бидат готови резултатите од Б примерокот. Сакаме да истакнеме дека Аријан Адеми во последната година шест пати бил тестиран и секогаш бил негативен. Исто така, сите наши фудбалери од почетокот на сезонава во неколку наврати минаа допинг-тестови и сите резултати беа негативни. – стои во соопштениет од Динамо Загреб.
Адеми отсуствал од тренинзите на македонската репрезентација која во Скопје се подготвува за престојните квалификациски натпревари против Украина и Белорусија.
Ohridnews