Македонскиот иселеник, Мунир Шемси, кој веќе 28 години со своето семејство живее и работи во областа Венето, во северниот дел од Италија, реализира значајна донација за помош на населението при надминување на кризата поради коронавирусот.

Имено, Шемси, на лицитација организирана од страна на локалните власти на регионот, купи чоколадно јајце во вредност од 30.000 евра. Идејата ја добил од својата пет годишна ќерка која посакала да го има чоколадното јајце со тежина од 10 килограми, кое по иницијатива на Претседателот на регионот Венето, Лука Цаја, за велигденските празници било ставено на лицитација со почетна цена од 100 евра. Парите од продажбата на чоколадното јајце се наменети за помош на регионот за надминување на кризата.

Шемси, кој има свој приватен бизнис во Италија, доби голема благодарност и признание од локалните власти поради неговата искажана хуманост во насока на надминување на кризата која особено е изразена во овој дел од Италија. Во северните италијански провинции Ломбардија и Венето, уште на почетокот на кризата во земјата, имаше најголем број заболени и жртви, а жителите се во карантин речиси месец и половина.

OhridNews