На границите во регионот, најмногу на Хрватско – српската, а особено на Унгарско – српската граница околу 200 државјани на Македонија се запрени и со големи напори преку Романија и Бугарија истите се очекува во раните утрински часови да пристигнат во земјата на преминот Деве Баир. Ова вечерва на прес конференција го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Ве молам немојте да патувате! Малку чудно звучи ова особено од министер за надворешни работи, но таква е ситуацијата. Македонски граѓанин што утре ќе реши да патува крајно е неизвесно кога ќе се врати. Ситуацијата се менува од час во час, државите носат свои мерки, кои брзо се менуваат исто така, затвараат граници за странски државјани, затвараат аеродроми. Упатувам апел до македонските државјани кои имаат регулиран престој во трета држава да не се упатуваат кон Македонија. Наш прв приоритет се нашите граѓани кои немаат друга дома, има повеќе такви случаи, меѓу кои и фамилиии со дечиња, правиме се да им помогнеме, но морам да кажам дека ние немаме влијание на границите во трети земји. – изјави министерот Димитров.
Министерот за надворешни работи објави дека има најава од ЕУ дека ќе ги затвори границите во шенген зоната за сите несуштински патувања.
Г.М.