Во „Куќата на фудбалот“ денеска со ждрепка беа одредени двојките за 1/16 финалето од Македонскиот куп. Натпреварите ќе се играат на 15 септември со почеток во 15:00 часот.
Охрид гостува на Локомотива, а Воска дома игра со Брегалница. Академија Пандев и Силекс, финалисти од ланското издание во најмасовното клупско натпреварување директно обезбедуваат место во осминафиналето поради бројот на пријавени тимови за денешното извлекување.
Шеснаесетфиналните двојки се:
Детонит – Македонија Ѓ.П
Победа – Вардар
КИТ ГО – Шкендија
Беса Добридол – Скопје
Локомотива – Охрид
Гостивар – Ренова
Љуботен – Пелистер
Кораби – Беласица
Њу Старс – Борец
Слога Виница – Работнички
Новаци 2005 – Тиквеш 1930
САСА Каменица – Струга
Воска – Брегалница
Велешта – Шкупи.
OhridNews