Македонскиот фудбал го забележа првиот позитивен случај на вирусот Ковид -19, откако поранешниот играч на тетовските екипи Шкендија и Ренова, Изаир Емини се тестирал позитивно.

Изаир Емини во дресот на Шкендија

Емини кој го носи дресот на косовска Дрита не покажал симптоми, но неговиот тест направен во болницата „Систина“ во Скопје бил позитивен. Тој ќе остане во самоизолација и под лекарски надзор, иако неговата здравствена состојба е стабилна.

Позитивниот тест на Емини е втор во македонскиот спорт. Прв позитивен тест доби селекторот на македонската репрезентација во борење грчко-римски стил, Љубиша Пешко.

OhridNews