Во организација на „Јавна Соба“ од Македонија и „Цултурал Аид“ од Холандија, денес, во музејскиот комплекс „Катерајне  конвент“ во Утрехт ќе бидат прикажани шест кратки македонски филмови.

„Се обидуваме да ја отсликаме реалноста во Македонија со претставување на  програмата која опфаќа филмови со најразлични тематики. Публиката овде не е свесна за шареноликоста на нашата кинематографија. Во период кога во Утрехт е поставена изложбата Ненадминлива Убавина – икони од Македонија, и кога тур операторот Корендон нуди низ цела Холандија летни аранжмани за Македонија, ние додаваме екстра зачин претставувајќи ја Македонската кинематографија во центарот на Холандија.  Можете само да замислите како тоа економски и културно ќе се рефлектира на наша страна“, изјави Александар Велиновски организатор на програмата.

Програмата е составена од „Јас сум од Македонија” – Александар Спасоски, „На изгрејсонце” – Ѓорче Ставревски, „Големата вода” – Иво Трајков, „Шивачките” – Билјана Гавранлиева, „Листата на Тони Манџа” – Марија Џиџева и „Име си е име” – Сигурјон Еинарсон.

OhridNews