Педесетина ученици Албанци од Македонија (според некои медиуми, студенти) кои биле на тридневна екскурзија во Албанија синоќа биле затруени од храна. Тие биле примени на лекување во Воената болница во Тирана. Четиринаесет ученици биле задржани поради тоа што требало да примат инфузија, додека останатите уште синоќа ја напуштиле болницата.
Според првичните информации, екскурзијантите најверојатно добиле труење од храната која ја консумирале од една сендвичара покрај стадионот „Ќемал Стафа “ во Тирана. Албанската полиција и инспекциските служби веднаш започнале истрага.
Затруените екскурзијантите се очекува денеска да се вратат во Кичево.