Традицијата на ракометниот турнир во Струга ќе продолжи и оваа година. Но, 48-то издание на струшкиот турнир ќе биде различно од претходните изданија поради ситуацијата на светско ниво со коронавирусот.

Ракометниот клуб Струга кој се јавува како организиратор нема многу опции кога се екипите учеснички во прашање иако интересот од странство е голем.

Заинтересирани екипи има многу, но ситуацијата не дозволува да поканиме екипи од странство. Планираме да продолжиме со традицијата и со одржувањето, а каков ќе биде форматот ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите со коронавирусот. Меѓутоа со оглед на тоа што наближува август не препуштаме ништо на случајот. Направив разговор со македонските тимови и сите се согласни да учествуваат. Имам потврда за заинтересираност од Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Охрид, Пролет, Бутел Скопје, Прилеп… Сите сакаат на некој начин да направиме една домашна мини лига во Струга и на тој начин да го одбележиме годинешното издание на турнирот. – за „24ракомет“ изјави претседателот на Струга, Наумче Мојсоски.

Охридскиот ракометен клуб на турнирот во Струга учествуваше во 2017 година година и заврши на четвртата позиција.

OhridNews