Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, златен накит, топено злато, режан тутун, цигари, автоделови, делови за трактори, облека, часовници и фалсификати.

28.000 евра откриени се при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Ќафасан. Во предниот џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 30.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата. Непријавените девизи се привремено задржани, а против  возачот е поведена прекршочна постапка.

OhridNews