Како што информираат агенциите, еден од шест бродови на конвој со хуманитарна помош наменета за Газа утрово бил нападнат од страна на израелските сили, при што загинаа најмалку 15 лица.
Во конвојот учествуваат 700 волонтери од десетина земји, меѓу кои и Македонија, и пренесуваат околу 10.000 тони хуманитарна помош.
Засега нема повеќе информации за состојбата на македонски државјанин.
Турскиот министер за одбрана, Веџди Ѓонул, ја напушти Регионалната Конференција за НАТО интеграции што утрово почна во Битола поради нападот врз меѓународниот конвој во Израел, предводен од турска организација, како и загинувањето на најмалку шест турски војници во одделен напад.
Ѓонул вчера беше присутен на неформалниот состанок на министрите за одбрана во Охрид и утрово пристигнал во Битола, по што веднаш заминал за Турција.
извор: „Макфакс“