Петнаесет патници од дански автобус кој превезувал македонски државјани се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано изутринава во близина на австрискиот град Грац, јави српската новинска агенција Танјуг.

Според соопштението на австриската полиција и Црвениот крст автобусот паднал од мостот на автопатот „Пирнаутобан“ А9, бидејќи возачот го згрешил излезот кон тунелот и пребрзо влегол на патот.

Портпаролот на црвениот крст Александер Ланг изјави дека 15 од вкупно 45 патници се повредени, од кои тројца потешко. Никој од повредените, како што е соопштено, не е во животна опасност.

Повредените се префрлени во болницата во Грац каде им е уакажана медицинска помош.

Ohridnews