Тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) успешно извршија трансплантација на срце. Дел од тимот што го направи овој исклучително голем и значаен потфат, беше и охридскиот кардиохирург д-р Марјан Шокаровски.
Синоќа, за првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги. – објави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој го посетил пациентот на кој му беше трансплантирано срце од почината пациентка која настрадала во сообраќајна несреќа, чие семејство се согласи да го донира срцето.
Ден полн со емоции. Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези. Сега срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти. pic.twitter.com/taMF6c92jb
— Венко Филипче (@VFilipche) May 23, 2020
Успешно извршената трансплантација претставува голем успех на македонското здравство, дотолку повеќе што се случува во екот на пандемијата од Ковид 19, која сериозно го оптовари здравствениот систем.
OhridNews