Автобус на струшката компанија Еуро Бус се излизгал и превртел ноќеска околу 1.45 часот на автопатот Скопје – Белград кај Лесковац, при што животот го загубиле најмалку тројца патници, а повеќе други се повредени, јавуваат српските медиуми.
Автобусот се обраќал на линијата за Виена.
До несреќата дошло во ислови на снежно невреме. На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да ги открие причините за несреќата.
OhridNews