Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев, доби уште едно признание од судиската комисија на УЕФА.
Тој е одреден да го суди првиот меч од шеснаесетфиналето на Лига на Европа меѓу швајцарскиот претставник Базел и претставникот на Русија, Спартак, од Москва што ќе се одигра во Базел на 17 февруари.
Ќе му помагаат Љубомир Крстевски од Битола и Марјан Кировски од Скопје. Четврти судија ќе биде Петар Мантев од Неготино.
На овој меч зад двата гола, според новите судиски тест-правила на УЕФА во Лигата на Европа, ќе му помагаат Димитар Мечкаровски од Скопје и Горан Спиркоски од Прилеп.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com