Македонската турнеја на Четкар продолжува со настап на Бит-фест во Хераклеја овој петок (21 Август) во 21:00 часот.

Веќе наредниот ден, сабота (22 Август) Владимир ќе има два настапи, првиот во 13:00 во охридскиот лоунџ кафе „Објектив“,  а вториот настап ќе се случи во скопскиот локал „Дион“, лоциран покрај кејот на Вардар со почеток во 21:30 часот.

Со овие три настапи ќе се эаокружи македонската мини турнеја на Владимир Четкар и неговиот интернационален квартет составен од Хју Вајт – клавијатури, Џонатан Харви- бас гитара и Бено Сатлер – Тапани.

Ohridnews