Македонија и Охрид деновиве беа претставени на „Esbjerg West Academy“ во Данска.
Имено на овој универзитет се одржа интернационален ден на кој студентите имаа можност да ја претстават државата од која доаѓаат, нејзината култура, туристичките и економските потенцијали.
Честа на македонија ја бранеше нашиот Ајдин Зекировски кој колегите, професорите и бројните гости ги почести со специјално зготвена, традиционална македонска храна и кавадаречко вино. Посебен акцент во презентацијата Зекировски ставил на туристичката промоција на нашиот и негов Охрид и верува дека барем малку придонел кон анимирањето на тамошната јавност да го посети нашиот најголем и најпознат туристички центар.
Зекироски бројните гости ги облажил и со торта која за таа прилика специјално ја подготвил во вид на македонско знаме.
Македонија и Охрид досојно презентирани во Данска
Ние се надеваме дека одлично подготвената презентација оставила позитивен впечаток кај данците и му посакуваме многу успех во понатамошното студирање.
Г. Момироски