Македонската традиционална таеквондо федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски – црн појас V дан, поранешен светски вицешампион, од 17.04 – 25.04 2023, ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Језоло – Италија.
Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Македонската Традиционална Таеквондо Федерација повторно ќе биде дел од Европската Таеквондо ИТФ елита, соопшти федерацијата.

Боите на нашата држава ќе ги бранат седум искусни натпреварувачи:

  • Софија Колушоска, црвен појас , ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини , форми за црвен појас, борби – 50 кг. (државен првак )
  • Хриситјана Парулеска, црн појас I дан, ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини , форми црн појас I дан, борби – 50 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
  • Давид Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 55 кг. (државен првак и актуелен вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.)
  • Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во спаринг борби – 60 кг. (државен првак )
  • Елена Јанеска, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниорки 16 -17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 70 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
  • Давид Велковски, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 71 кг. (државен првак )
  • Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 85 кг. (државен првак ).

Сите членови на репрезентацијата имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно, под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас V дан. Го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи. Тројца од нашата екипа се во одбрана на минатогодишниот успех од Европското првенство на кое станаа вицешампиони. Се надеваме дека сите ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.

Покрај генералниот спонзор, поддршка стигна и од општина Охрид, која редовно ги помага на сите Таеквондо ИТФ клубови, информира Таеквондо федерацијата.

OhridNews