Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, поранешен светски вицешампион, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт од 18.08 – 26.08 2023 ќе учествува на Светското Таеквондо ИТФ првенство во Астана–Казахстан.

Репрезентацијата ја сочинуваат пет лица меѓу кои Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, претседател на МТТФ (официјално лице и национален тренер) -поранешен светски вицешампион Прага-1996, Зоран Парулески, потпретседател на МТТФ (официјално лице), Христијана Парулеска црн појас I дан, пехар за најдобра кадетка на Европско првенство Језоло-2023 – Европски шампион во спаринг борби Језоло-2023 – Европски вицешампион во форми(борба со замислен противник) Језоло-2023 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Државен првак, Давид Крстески црн појас I дан, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Европски брозен медал во форми (борба со замислен противник) Римини-2019 – Државен првак и Елена Јанеска црн појас I дан, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Државен првак.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи, иако за нив ова е прв настап на Светско првенство. Тројцата претставници на нашата репрезентација се искусни натпреварувачи и Европски медалисти, кои упорно се спремаа во текот на летната сезона одрекувајќи се од летниот одмор со цел да дадат се од себе да ја претсават нашата држава најдобро што можат, и по можност да се обидат да се искачат на светскиот пиедестал. Нашите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.

Лазаревски изразува благодарност до Агенцијата за млади и спорт која е покровоител на репрезентацијата за учество на ова Светско првенство, како и до Општината Охрид која помогнала за припремите на репрезентацијата и до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни успеси.

OhridNews