На 3 јуни во Гетеборг, македонскaта фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Шведска предводена од виртуозот Златан Ибрахимовиќ пренесува “Македонски Спорт“.
Мечот со Шведска ќе биде прв од двата скандинавски тестови за македонската селекција. Една седмица подоцна “рисовите“ ќе одиграат пријателски натпревар со репрезентацијата на Норвешка.
Во досегашната историја Македонија и Шведска имаат одиграно два натпревари, и на двата триумфираше селекцијата на “викинзите“.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com