Голема победа за македонската таеквондистка Мила Рељиќ над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс.
Конечниот резултат од денешната борба е 7:6 за Рељиќ. Македонката се пласира во четвртфиналето категорија до 57 килограми.
Претходно, македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимпијадата во Париз. Тој загуби убедливи од Амар Шерават (Индија) со 0:10 категорија минус 57 кг слободен стил.
Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024
Противник на Милјана Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз ќе и биде Летиција Ајуд од Либан.
Г.М.