Македонската фудбалска репрезентација останува на 65. место на најновата ФИФА ранг-листа објавена денес. Во март „црвено-жолтите“ ги победија Малта и Фарски Острови, но тоа не беше доволно за прогрес во поредокот на ФИФА.

Од ривалите на Македонците во квалификациите за пласман на Еуро 2024, најдобропласирана е Англија која е на 5. место. Италија е на 8. позиција. Украина се наоѓа на 30. место, додека Малта е на 172. место.

Лидер на ФИФА листата е Аргентина пред Франција, Бразил и Белгија.

OhridNews