Македонската репрезентација во традиционално таеквондо (МТТФ) од 15 до 22 април ќе учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство што ќе се одржува во словенечкиот град Копер.

Боите на нашата земја во Словенија ќе ја бранат шестмина натпреварувачи, и тоа актуелната европска шампионка Христијана Парулеска, Давид Крстески, европски вицешампион од 2022 година, Елена Јанеска исто европска вицешампионка од 2022 година, потоа Марио Крстески, државен првак во борби, Софија Колушоска, државен првак во форми и Владимир Димитриевиќ, исто така државен првак во борби.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките се реалзираа последните два месеци секојдневно, под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас В дан, го дадовме максимумот и се надеваме на солидни резултати. Според нивниот историјат на успеси, можеме да веруваме во нашите натпреварува“, изјави пред заминувањето за Словенија Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.

Тој појасни дека сите репрезентативци се добро подготвени за да ја претстават нашата држава во најубаво светло што е добар показател, основа за верба во добар пласман.

Нашите репрезентативци имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Лазаревски.

OhridNews