48-то издание на Ракометниот турнир во Струга кој ќе се одржи од 12 до 16 август на отворено игралиште „Горан Попоски-Бабец“ ќе ги собере најдобрите екипи од македонскиот шампионат.

Позитивно на поканата од организаторите одговорија Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид, Бутел Скопје, Прилеп, Пролет и домаќинот, што пак, гарантира ракометни возбудувања како никогаш претходно во Струга.

Организаторите имаат неполн месец да се подготват, максимално да одговорат на ситуацијата со вирусот ковид -19 и да ги финализираат сите детали околу натпреварувачкиот дел.

Минатата година на 47-то издание триумфираше грчкиот АЕК кој во финалето го совлада Еурофарм Пелистер.

OhridNews