Кон честитките по повод Денот на независноста се приклучи и Секторот за внатрешни работи Охрид. Во дописот на полицискиот портпарол Стефан Димоски по повод 8-ми Септември се вели:

„Слободна и независна Република Македонија,беше сон на многу генерации. Во изминативе 17 транзициски години, како држава и народ се соочивме со низа тешкотии, предизвици и кризи на економски и безбедносен план но  и со реформи во секој сегмент од општественото живеење.

Реформите во безбедносниот сектор се многу важен елемент за изградба на вистински демократско општество.Во тој контекст, РМ успешно ги спроведе реформате во Полицијата. Законот за Полиција е донесен според Европски критериуми односно во согласност со стандардите на Е.У.

Цврсто верувам дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна држава, дека процесот на демократизација е незапирлив и  се базира на целосно почитување на вистинските вредности во општеството. Искрено се надевам дека членството на Република Македонија во НАТО и  Е.У. наскоро ке биде реалност со што ќе се стави крај на долгиот пат до Европска  Македонија.

Како служба, свесна за новите безбедносни ризици, и понатака неуморно ќе работиме на заштита на граѓаните и правниот поредок на РМ, во спречување и откривање на казнените дела и почитување на основните човекови  права и слободи со цел да бидеме вистински сервис на граѓаните.

Со желби да градиме модерна, стабилна, безбедна и Европска држава, на сите граѓани на Охрид и на Република Македонија, им упатуваме искрени честитки за среќен и долговечен 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Македонија“, се вели во честиктата на потрпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски,  по повод Денот на независноста .

ohridnews