Во наредните седум дена македонската кошаркаска репрезентација во Охрид ќе се подготвува за престојниот настап на ЕП во Полска.

Избраниците на Јовица Арсиќ првиот тренинг ќе го имаат вечерва од 19 часот, утре ќе тренираат во 11, а вечерта од 20 часот ќе ги одмерат силите со селекцијата на Словачка.

В недела од 18 часот ќе одиграат уште еден натпревар, додека од понеделник( 10.08) до четврток (14.08) ќе тренираат по два пати дневно од 11 и 19 часот.

М.П.