Македонската колонија во италијанската Серија А ќе се зголеми ако фудбалскиот бисер Давид Бабунски ја прифати понудата од Сампдорија.


Бабунски кој е плод на прочуената фудбалска школа на Барселона „Ла Масија“ би бил трет македонски фудбалер на „печалба“ во калчолигата.

Враќањето во Серија А го официјализираше Горан Пандев кој ја засили екипата на Џенова, а петгодишен договор со Палермо потпиша Александар Трајковски.

Сепак, последниот збор за трансферот на Бабунски во Серија А ќе го има клубот, кој не така лесно се откажува од плодовите на фудбалската школа.

Ohridnews