Македонската универзитетска карате репрезентација пристигна во Братислава, Словачка. каде нашите најдобри студенти треба да земат учество на осмото по ред Светско универзитетско првенство, на кое се имаат пријавено 48 држави од целиот свет.
Нашата репрезентација на ова првенство ќе ја предводи селекторот Бошко Заборски и неговиот помошник Мирче Јанушевски. Нашите каратисти ќе настапат во дисциплините борби и кати и тоа во екипна и поединечна конкуренција.
Кај мажите во дисциплината борби во поединечна конкуренција ќе настапат Емил Павлов (-60 кг), ИкоТашев ( -67кг), Ферат Корбуличи (-75 кг), Берат Јакупи (-84кг) и Мартин Несторовски (+84кг). Во екипата која ќе настапи во дисциплини борби дополнително се повикани: Огнен Груевски, Иво Цветковски, Жарко Арсовски и Богдан Мицов.
Во женска конкуренција поединечно ќе настапат: Дрилона Биџаку -55 кг, Војдиноска Климентина +68 кг.
Во дисциплината екипно борби во женска конкуренција нема да имаме екипа. Исто и во дисциплината кати во екипна конкуренција нема да имаме преставници.
Поединечно во дисциплината кати ќе настапат Зорица Спиркоска и Петкоски Даниел.
– Очекувам нашите репрезентативци да се прикажат добра форма. Поквалитетно преставување и евентуален резултатски успех се предвидува во дисциплината борби во машка конкуренција. Моменталниот квалитет на спортисти кои ги имаме на располагање, дозволува проценка за резултатски успех и борба за медал само кај машкиот состав. Екипата е составена од искусни каратисти,со добра ждрепка машкиот тим може далеку да стигне и да освои еден од медалите. – изјави селекторот Бошко Заборски .
Екипните борби се на програмата во Недела (15.07.2012), додека останатите натпревари започнуваат од Четврток (12.07.2012 год).
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com