На средбата посветена на начините за справување со недозволена трговија со дрога, со луѓе, финансискиот криминал, како проблемот со фалсификувањето пари била нагласена потребата од зајакнување на соработката меѓу двете полиции на средно и ниско ниво, односно поблиска соработка меѓу офицерите кои работат во секторите за организиран криминал, како и потребата од покренување заеднички криминалистички обработки.
Директорот на албанската полиција, Хусни Бурга, нагласи дека еден од начините на соработката е размената информации во што покус временски рок.
-Таквата соработка неодамна резултираше со запленувањето голема количество фалсификувани евра, и тоа благодарение на благовремените размени на информации на полициите од Македонија, Албаија и Косово, истакна Бурга.