Најтрoфејниот македонски клуб Вардар од Скопје по 19 години играње во Првата лига, се сели во понизок ранг на натпреварување. “Црвено-црните“ кои години наназад тонат во организацки хаос го допреа дното и од наредната сезона ќе се натпреваруваат во второлигашката конкуренција.


Фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година, а во 1961 година го освои тогашниот Титов Куп, откако во финалето го победи Вартекс со 2-1.


Најсјајниот момент во клупската историја дојде во 1987 година, кога тимот составен од Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски и Вујадин Станојковиќ триумфираше во шампионатот на Југославија.


Вардар во првата фудбалска сезона од осамостојувањето на Македонија беше неприкосновен освојувајќи го шампионатот без пораз со 27 победи и седум нерешени.

Во македонската лига Вардар триумфираше пет пати, а исто толку пати го освои Куп трофејот.

М.Постоловски