Поранешниот европски првак Ѓорче Петров ќе згасне. Управата на клубот и раководството на РФМ не успеаа да најдат спонзор за клубот кој двапти заврши како вицепрвак на Европа, по што на изборното собрание што ќе се одржи до крајот на месецов Ѓорче Петров ќе згасне.


Одлучивме да го откажеме учеството во Лигата на шампионите, бидејќи ждрепката е на 24 јуни во Виена, а со тоа ќе имаме и помалку штета, РФМ да ги избегне санкциите од нашето неучество во ЛШ. Голема штета за македонскиот ракомет, зашто од врвен и уште подобро организиран клуб на европско ниво, дојдовме во ситуација да згаснеме – вели директорот на тимот Вања Бојков.
ohridnews