Македонската фудбалска репрезентација во базата во Охрид ги започна подготовките за квалификацискитѕе натпревари против Русија, в сабота на гости, и против Естонија четири дена подоцна во Скопје.
Репрезентацијата се комплетира со доаѓањето на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев кој во неделата настапи за Лацио во натпреварот од италијанската Серија А против Сампдорија кој заврши без победник.
Селекторот Среќко Катанец на средбата со новинарите, истакна дека Македонија нема шанси за пласман на ЕП, но пред себе има сериозна задача да игра за рејтинг и да создава тим за наредниот квалификациски циклус.
„Треба да играме дисциплинирано и што поскапо да ја продадеме кожата“, рече Катанец, кој шансата да се изненади Русија ја гледа во фактот што оваа репрезентација тешко игра на домашен терен. Не респектираат, рече Катанец кој смета дека Русија е свесна дека Македонија е сериозен противник. Според него натпреварот со Естонија ќе биде поинаков зошто оваа репрезентација главно играта ја базира на одбраната, а шансата за успех ја бара во контранападите.
Од стандардниот тим отпаднаа голманот Јане Николоски и напаѓачот Илче Наумоски, а повреден е Стевица Ристиќ. На нивно место повикани се Петар Милошески и охриѓанецот Гоце Толески.
Г. Момироски