Нерешно 1:1 заврши пријателскиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација и финскиот национален тим одигран вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Оливер Антман ја доведува Финска во водство од 0:1. Фото ЕПА-Георги Личовски. Извор: МИА

Финците дојдоа во водство преку Оливер Антман во 37. минута. Изедначи Енис Барди од пенал во 75. минута.

Двете репрезентации пропуштија уште неколку убави шанси за постигнување уште по некој гол, но се чини дека ремито е реален исход.

Македонија и Финска ремизираа 1:1 на арената „Филип IIе“ во Скопје. Фото ЕПА-Георги Личовски. Извор: МИА

Избраниците на селекторо Благоја Милевски, в недела ќе одиграат уште еден контролен натпревар, противник ќе им биде селекцијата на Азербејџан.

OhridNews
Извор: МИА