Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар меѓу сениорската репрезентација и Финска.

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Последниот пријателски натпревар против Финска, Македонците го одиграа во март 2018 година, во турски Белек, мечот заврши без голови, 0:0.

Во октомври, „црвено-жолтите“ веќе имаат договорено пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија.

OhridNews