Селекторот на репрезентацијата, Ѕвонко Шундовски на првиот собир не може да смета на сите репрезентативци бидејќи капитенот Кирил Лазаров, Борко Ристовски и Даскаловски ќе се приклучат подоцна во стројот поради клупски обврски.
Селекцијата на Македонија ќе одработи еден тренинг и в петок се преселува во Пореч, Хрватска каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.
Македонија во групата од Светското првенство се наоѓа со Данска, Чиле, Катар, Исланд и Русија.