Македонија е светски шампион во „Counter-Strike:Global Offensive“, откако во финалето на 13-то Е-Светското првенство што се одржува во Израел, денеска, ја совлада Романија.

Македонија до историскиот успех ја предводеа охриѓанецот Александар “CacaNito” Ќулукоски, Кристијан “fodor” Поповски, Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски и Павле “stYleEeZ” Стојановски.

Беше одличен турнир, тежок турнир, со многу неизвесности, но на крај успеавме. Благодарам на пддршката. – изјави по финалето Александар “CacaNito” Ќулукоски.

Г.М.

Патот до светскиот врв на Александар Ќулукоски „Цацанито“: Професионализмот налага напорно тренирање, здраво тело и здрав дух се само дел од тајната на успехот