Ракометарот на Вардар, Тимуш Дибиров и членот на Металург, Давор Вугринец се избрани меѓу најдобрите седум ракометари во Лигата на Шампиони.

Вугринец со девет погодоци го торпедираше голот на „светците“ додека Дибиров беше најдобар поединец во поразот на Вардар од Динамо Минск, а еден од неговите голови е најубав во втората рунда од ЛШ.

Најдобрите седум на 2.коло се: лево крило – Тимур Дибиров (Вардар), лев бек – Филип Јиха (Кил), среден бек – Лукас Карлсон (Колдинг), десен бек – Ренато Вугринец (Металург), десно крило – Валентин Гионеа (Висла), пикер – Јакоб Хеинл (Флензбург) и голман – Славомир Шмал (Киелце).

За да биде македонска доминација во Европа комплетна се погрижија голманите на Вардар ПРО и Металург, Страхиња Милиќ односно Дарко Станиќ кои имаат по една интевенција во најубавите пет.

Погодокот на Дибиров, кој го зазеде првото место можете да го погледнете тука.

Одбраните на Милиќ и Станиќ можете да ги погледнете тука.

Мх.П.