Во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) се одржа церемонијата на свечено испраќање на македонската олимписка делегација, која ќе учествува на летните Олимписки игри Рио 2016.
Македонија на Олимписките игри ќе има вкупно шест спортисти, а меѓу нив е и охриѓанката Нина Балабан која ќе го скрши мразот во спортско стрелаштво 10 м. со воздушна пушка.
Покрај стрелачката Балабан ќе се натпреваруваат атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев, пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажевски и џудистката Катерина Николовска.
Знаменосец на Македонија на Олимпијадата во Рио ќе биде пливачката Анастасија Богданоски која има најдобро време и пласман од шестте олимпијци.
Македонија на Олимписките игри ќе има свои преставници и во официјалниот дел, а тие се судиите Зоран Поповски (тенис), Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет) како и ИХФ делегатот, Драган Начевски (ракомет).
OhridNews