Во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, се одржаа јавни презентации на дел од активностите на Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ) во 2012-тата година (алпинистичките акции во Пакленица (Хрватска) и во Доломитите (Италија), како и презентација на овогодинешната алпинистичка акција во Малтатал (Австрија).

Покрај презентациите, во текот на оваа манифестација, беа доделени и признанијата „Јован Ангелов – Циго”, на најуспешните членови на Македонската Алпинистичка Федерација, за реализираните активности во текот на минатата година. Признанијата ги добија:

– Најуспешен алпинист: Зоран Мајсторски (АК Плоча, Радовиш),

– Најуспешна алпинистка: Весна Талевска (АК Шри Чинмој, Скопје),

– Најуспешна алпинистичка наврска: Игор Талевски и Весна Талевска (АК Шри Чинмој, Скопје),

– Најуспешен алпинистички клуб: АК Матка, Скопје

– Најперспективен млад алпинист: Александар Старделов (АК Матка, Скопје)

– Признание за промоција на македонскиот алпинизам во странство: Бојан Митковски

Исто така беа најавени и активности кои ќе се организираат во следниот период: курс за почетници во локалитетот Плоча кој ќе биде организиран од АК Астрајон од Штип, алпинистичка акција во Враца (Р.Бугарија), алпинистички собир во Демир Капија, традиционален меморијален собир „Македонски алпинистички великани” на Матка, алпинистички собир на Остра Карпа итн.

Ohridnews