Балканското првенство за сениори и сениорки во Питешти, Романија на 1 и 2 август ќе се одржи без најдобрите атлетичари од охридскиот клуб.


Причина за апстиненцијата на охридските атлетичари е неучеството на Државното првенство во Скопје кое се одржа на 19 овој месец.

Без учество под македонското знаме останаа Славчо Мирчески (скок во далечина), Стефан Стефаноски (диск), Јулијана Вељаноска (диск и ѓуле) и Ивона Димитриеска (100 метри со пречки).

Единствен охридски атлетичар кој ќе биде дел од „црвено жолтата“ експедиција е Мартина Мироска. Таа на Балканското првенство учество обезбеди на Мундијалот за млади младинци во Кали, Колумбија.

Ohridnews