Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, со почеток во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде прикажан филмот за Светите Кирил и Методиј „ Апостоли на Словените- Двајца браќа една животна мисија“.
Новиот историски филм за светите браќа Кирил и Методиј беше успешно прикажан во Чешка и Словачка по повод 1150-годишнината од почетокот на ширењето на словенската писменот од страна на св. Кирил и Методиј. Филмот е направен во коопродукција со Чешка телевизија (Чешка), РТВС (Словачка), Алеф Филм и Медија (Словачка), Еверест филм (Русија), А Аталанта (Словенија), Баранов студио (Чешка). Во времето кога од црквата биле прифатени само три јазици и христијанството било во криза, светите браќа тргнале во својата мисија…која на крај промени сè. Вооружени со нивната голема верба и љубов, а соочени со грубата и тешка реалност од тогашното владеење и со гневот на една моќна империја, на оваа мисија се роди една нова азбука.
Проектот е под покровителство и има поддршка од многу министерства и институции од Чешка, Словачка и Полска, а воедно е и под покровителство на фирмата „Буџак“ с.р.о од Прага, Чешка ( Буџакоски Јован и Глигуроски Александар).
OhridNews