Македонска пошта како општествено одговорна компанија се вклучува во хуманитарната акција за помош на настраданите во Tетовскиот регион, со тоа што ги отвора вратите на своите подружници за оставање хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Тетово. Почнувајќи од понеделник, 10 август, па се до 15 август, АД „Македонска пошта“ прогласува „Недела на хуманост“.

Во соработка со Црвениот крст граѓаните својата хуманитарна помош во храна, облека, средства за лична хигиена и дезинфекција можат да ја предадат во 330-те единици на поштенска мрежа на АД „Македонска пошта“ на целата територија на Македонија.

АД „Македонска пошта“ изразува сочуство до настраданите во оваа природна катастрофа и ги повикува сите хумани граѓани да дадат придонес со своите донации.

OhridNews

Извор: „Макфакс“