АД „Пошта на Северна Македонија“ направи голем гаф, објавувајќи пригодна поштенска марка со карта на Голема Хрватска со делови од БиХ и Србија. Марката експресно беше повлечена, а националната Пошта се извини за грешката.
АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје се извинува за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ. На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6000 (шест илјади) примероци. – соопшти државната компанија.
Поради грешката која предизвика големи реакции во јавноста, АД „Пошта на Северна Македонија ги разреши раководителот на Бирото за филателија и Советот за поштенски марки.
OhridNews