На саемот свое обраќање имаа македонскиот амбасадор во Германија, Филипов и директорот на АППТ – Стрезовски кои зборуваа за туристичките потенцијали на Македонија, а беше промовирана и книгата „Македонија“ на германскиот патописец Сикмејер.
Со звуците на изворната македонска песна, присутните на сеамот имаа можност да дегустираат национални специјалитети и вина, а традиционалното македонско гостопримство не остана незабележано од другите учесници на саемот кои со задоволство го посетуваа македонскиот штанд во Берлин, информираат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.