Следејќи го својот талент, виртуозност и љубов кон музичките ноти двајцата македонски кларинетисти Васко Дуковски и Исмаил Лумановски и понатаму ја освојуваат светската публика. Овој пат нивните грандиозни таленти ќе ги чуе публиката во Турција со спектакуларен концерт на 11 април на најпрестижниот интернационален музички фестивал во Анкара каде настапуваат најпознати имиња од светската сцена. Како Грнета ансамбл овие двајца виртуози заедно со француската пијанистка со романско потекло Александра Џоан за прв пат ќе ја презентираат својата уникатна музичка програма во главниот град на Турција.
Делејќи го истото источно‐европско потекло овие тројца млади музичари заедно креираа една невообичаена музичка програма главно инспирирана од фолклорни елементи грандиозно преточени во класичната музика. Нивниот репертоар вклучува дела од ерата на романтизмот, како и оригинални аранжмани на инструментални дела и музика од Балканот. Како добитници на првата награда на музичкиот натпревар за камерна музика во 2010 ја импресионираа публиката со својот темперамент и оригинална концертна програма,а со тоа ги понесоа епитетите за “Силна и високо интелигентна изведба” .
Концертот ќе биде една сензационална ризница од дела напишани од композитори од повеќе земји од светот. Меѓу нив е и делото “IVINO” од композиторот Марко Виденовиќ, воедно и водач на виола секцијата во Македонската Филхармонија, кое е напишано специјално за ансамблот Грнета. Занимливо во ова дело е што содржи примеси од македонскиот фолклор и на овој концерт ќе ја добие својата светска премиера. Но влијанието на македонското кулурно богатство врз познатите композитори низ светот, не застанува тука. Она што за Чернодрински во 1900 во драмата “Македонска крвава свадба” беше романтичарски занес пронајден во тешката историја на нашиот народ, за познатиот американски композитор Николас Чичко (Nicholas Csicsko) беше инспирација за прекрасно дело напишано за нашите познати кларинетисти Васко Дуковски и Исмаил Лумановски “Macedonian Bloody Wedding”. Дело кое ги крши сите табуа, особено со тоа што ќе биде изведено во Турција од двајца македонци од кои едниот е со турско потекло. На програмата ќе се најдат и дела од композиторите Анте Гргин, Феликс Менделсон, Џералд Коен, Бела Барток и Амилкаре Пончиели.
Големината на овие виртуози достигнува една невидена кулминација презентирајќи ја силната магија на музиката и нејзината моќ со која успеваат да ги преобразат историјата, разликите и конфликтите во една прекрасна хармонија која ја слави еднаквоста на сите. Спектакуларната содржина на овој концерт привлече големо внимание со што ќе биде емитуван во живо на Турската национална телевизија ТРТ.
Делата и креативната работа на ансамблот Грнета светската публика ќе има можност да ги чуе и на нивниот нов албум “Eastern Madness” кој беше снимен минатата недела.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа насока во соработка со Министерството за внатреш...
Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања говори и раѓањето на бебето Петар кого на свет го донесе највозраснат...
Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошник, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на денешната вонредна седниц...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.