Дваесет и едногодишна студентка од Скопје се удавила денеска во море во источниот дел на Индија, јавија индиските медиумим пренесува „Макфакс“.

Според истите извори, станува збор за девојка со презиме Јонкиќ, студентка на Манипал институтот за технологија, која се удавила заедно со 19 – годишниот колега Абиџит Синг од индискиот град Чандигар, кој заедно со македонската студентка биле дел од програмата за размена на студенти.

Петмина студенти попладнето околу 14:30 по локално време пристигнале на плажата Кауп. Македонката и нејзиниот колега влегле да пливаат во разбрануваното море, во период кога трае сезоната на монсуните. За кратко време брановите ги поклопиле.

Обидите на спасувачите да им помогнат останале безуспешни, бидејќи морето било премногу разбранувано.

По неколку часа морето го исфрлило телото на Јонкиќ ,а се уште се трага по телото на Абиџант.

OhridNews
извор: „Макфакс“