Како што пренесува австралискиот весник „The Sydney morning Herald“, Македонка на возраст од околу педесетина години, сопственик на фирма за чистење, е пронајдена мртва во Херствил, јужното предградие на Сиднеј.


Во рамките на покренатата истрага полицијата го одвела нејзиниот сопруг на сослушување, но според последните информации нема подигнато обвинение против него.

Весникот пишува дека жената и нејзиниот маж биле членови на македонската заедница, чии припадници го сочинуваат најголемиот дел од жителите на улицата на која се наоѓа и нивната куќа, во која живееле со децении.

OhridNews