Причина за смртта на младата македонка која во САД заминала преку сервис за размена на студенти, најверојатно е мозочен удар.
Семејството Накови, кое е во шок по смртта за трагичната загуба, сега се соочува со проблем да го врати телото на Ирена во Македонија, за што им се потребни 15.000 долари. Помош несреќното семејство ќе добие од општината и хуманите сограѓани.
Ова е втор трагичен настан за една недела во Чикаго, откако претходно животот во сообраќајна несреќа го загуби 23-годишен Македонец.