„Македонијо добре дојде во Охрид“ вака охриѓани ќе ги пречекуваат сите учесници на „Гимназијадата“ која ќе се одржи од осми до десетти мај во Охрид.

Организаторите на големо се подготвуваат за овој проект, а на терените ќе продефилираат повеќе од 1000 спортисти кои ќе се натпреваруваат во екипитните спортови.

Свеченето отварање на „Гимназијадата“ е в четврток со почеток во 20 часот на градскиот стадион „Атина Бојаџи“.

Мх.П.