Македонската репрезентација ја очекува тежок испит на гостувањето во Ирска. Селекцијата на “детелините“ предводена од искусниот стратег Џовани Трапатони има големи амбиции во овие квалификации. Селекторот на Македонија, Мирсад Јонуз нема проблем со повредени и суспендирани фудбалери a репрезентативците и стручниот штаб најавуваат офанзивна тактика и позитивен резултат во Даблин.


Македонија по четири одиграни натпревари има забележано само еден триумф над Андора со 2-0 и се наоѓа на петотто место во групата со четири бодови додека нашиот противник Република Ирска пред своите гледачи ја совлада Андора со 3-1, претрпе пораз од Русија со 3-2 и со седум бодови се наоѓа на третата позиција.


Двојки: Ерменија – Русија, Р. Ирска – Македонија, Андора – Словачка

Табела: Русија 9, Ерменија 7, Р. Ирска 7, Словачка 7, Македонија 4, Андора 0

Мх.П.